Брзозатезна навртка
За едноставна промена на алатот за брусење без користење на други алати, наместо затезната навртка (9) можете да употребите брзозатезна навртка (11).
- Брзозатезната навртка (11)смее да се користи само за брусни плочи или дискови за сечење.
Користете само беспрекорни, неоштетени брзозатезни навртки (11).
При затегнување внимавајте на тоа, страната со натпис на брзозатезната навртка (11) да не покажува кон брусната плоча; туку стрелката мора на ознаките на индекс (24) да покажува.
Притиснете на копчето за блокирање на вретеното (1), за да го зацврстите вретеното за брусење. За да ја зацврстите брзозатезната навртка, силно завртете ја брусната плоча во правец на стрелките на часовникот.
Прописно зацврстената, неоштетена брзозатезна навртка може да ја олабавите со вртење на нарецканиот прстен во правец спротивен на стрелките на часовникот. Цврсто затегнатата брзозатезна навртка никогаш не ја одвртувајте со клешти, туку употребете клуч со два отвори. Поставете го клучот со два отвори како на сликата.