Ставање/менување на резервни батерии
За зачувување на времето на часовникот и останати поставки на радиото мора да се вметнат резервни батерии. Притоа се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
Отворете ја рачката за заклучување (28) на капакот за батеријата и отворете го капакот за батеријата (27).
Доколку е потребно извадете ја акумулаторската батерија (26).
За отворање на капакот од преградата за батерии (24) притиснете на механизмот за заклучување (23) и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги испорачаните резервни батерии.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Повторно ставете го капакот од преградата за батерии (24).
"REPLACE AA BATTERY WHEN UNIT NO LONGER KEEPS CORRECT TIME": Заменете ги резервните батерии, доколку времето на радиото не може да се зачува.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
- Извадете ги резервните батерии од радиото доколку не сте го користеле подолг период. Доколку подолго време се чуваат во радиото, резервните батерии може да кородираат и да се испразнат.