Приказ за наполнетост на батеријата
При вметната акумулаторска батерија, состојбата на наполнетост на батеријата (26) можете да ја видите на екранот, а при извадена батерија можете да ја видите на самата акумулаторска батерија.
Ако ја извадите акумулаторската батерија од радиото, состојбата на наполнетост може да се прикаже со зелени LED-светилки на приказот за состојба на наполнетост на акумулаторската батерија.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Тип на батерија GBA 18V...
LED светилки | Капацитет |
---|---|
Трајно светло 3× зелено | 60−100 % |
Трајно светло 2× зелено | 30−60 % |
Трајно светло 1× зелено | 5−30 % |
Трепкаво светло 1× зелено | 0−5 % |
Тип на батерија ProCORE18V...
LED светилки | Капацитет |
---|---|
Трајно светло 5× зелено | 80−100 % |
Трајно светло 4× зелено | 60−80 % |
Трајно светло 3× зелено | 40−60 % |
Трајно светло 2× зелено | 20−40 % |
Трајно светло 1× зелено | 5−20 % |
Трепкаво светло 1× зелено | 0−5 % |