Ставање во употреба
- Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат, притиснете го десниот или левиот прекинувач за вклучување/исклучување (21) до крај нанапред и потоа пуштете го.
Напомена: При вклучувањето, прекинувачот за вклучување/исклучување (21) мора да биде малку подолго време притиснат нанапред отколку што е потребно за исклучувањето, за да се спречи случајно вклучување.
За исклучување на електричниот алат, повторно притиснете го десниот или левиот прекинувач за вклучување (21) до крај нанапред и потоа пуштете го.
За Вклучување на електричниот алат прво притиснете покрај симболот на блокадата при вклучување (25) и со тоа ќе ја деактивирате. Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (21) и држете го притиснат.
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (21).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (21) се постигнуваат мал број на работни одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на работни одови.
Максималните работни одови зависат од степенот на работни одови, кој се поставува во корисничкиот интерфејс.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (21). За да ја активирајте блокадата при вклучување (25), притиснете покрај симболот на блокадата при вклучување .
Интегрираното исклучување при удар го исклучува електричниот алат, штом по пад се најде на земјата.
Ако е активирано исклучувањето при удар, приказот за статус (5) свети во црвена боја. Информации за причината на исклучувањето може да најдете во апликацијата Bosch Toolbox.
Повторно вклучете го електричниот алат:
- GST 18V‑155 SC: Притиснете го десниот или левиот прекинувач за вклучување/исклучување (21) двапати до крај нанапред и потоа пуштете го.
- GST 18V‑155 BC: Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (21)и држете го притиснат.
Исклучувањето при удар може да го деактивирате преку апликацијата Bosch Toolbox.