Начини на работа
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа овозможуваат оптимално прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се обработува.
Со рачката за подесување (22) можете да ги поставите осцилациите и за време на работата.
Ниво 0 | нема осцилации |
Ниво I | мали осцилации |
Ниво II | средни осцилации |
Ниво III (МАX) | големи осцилации |
Оптималниот степен на осцилирање за односната примена може да се одреди со практичен обид. Притоа важат следните препораки:
- Доколку го изберете степенот на осцилирање што помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде подобар и почист исечениот раб.
- При обработка на тенки материјали (на пр. лимови) исклучете го осцилирањето.
- Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало осцилирање.
- Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се работи со максимално осцилирање.
Уред за оддувување на струготините
Со струењето на воздухот на уредот за оддувување на струготини може да се одржува чиста линијата на резот од струготини.
Вклучување на уредот за оддувување на струготините: за работа со големи количини на отстранет материјал во дрво, пластика итн., притиснете го прекинувачот (23) во позиција I.
Исклучување на уредот за оддувување на струготините: за работа во метал како и приклучениот систем за всисување прав, притиснете го прекинувачот (23) во позиција 0.