Вадење на батеријата
Батеријата (3) има два степени на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата (28). Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
За да ја извадите батеријата (3) притиснете на копчињата за отклучување (28) и извлечете ја батеријата наназад од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.