Подготовка за работа

Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

Масата за сечење може да се продолжи налево со помош на продолжетокот за маса за сечење (11).

  • Спуштете го затезниот лост (10) надолу.
  • Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за сечење (11) до саканата должина.
  • За фиксирање на продолжетокот на масата за сечење повторно свртете го затезниот лост (10) нагоре.

Хоризонталниот агол на закосување може да се подеси во опсег од 0° од 45°.

Важните вредности за подесување се означени со соодветните ознаки на аголниот граничник (6). Позициите 0° и 45° се осигуруваат со помош на крајниот граничник.

  • Отпуштете ја затезната дршка (13) на аголниот граничник (6).
  • Свртете го аголниот граничник (6), додека агломерот (33) не го прикаже аголот на закосување на скалата (34).
  • Повторно цврсто стегнете го затезниот лост (13).

Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворите осцилаторниот заштитен капак.

  • За тоа, вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (19).
  • Насочете ги ознаките на делот што се обработува на десниот раб на линијата на ласерот.

Напомена: пред сечењето, проверете дали линијата на сечење е точно прикажана. Ласерскиот зрак може да се помести на пр. со вибрации при интензивна употреба.

За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот за обработка. Не обработувајте делови за обработка, кои се премали за добро да се прицврстат.

Долгите и тешки делови за обработка мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

  • Ставете го делот што се обработува на аголниот граничник (6).
  • Лостот за фиксирање (7) ставете го на делот што се обработува и цврсто затегнете го со помош на рачката на вретеното (9).

  • Олабавете ја рачката на вретеното (9).
  • Отворете го делот за брзо отклучување (8) и извлечете го вретеното за фиксирање (7) од делот што се обработува.