Одржување и чистење

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Повремено исчистете го куќиштето на всисувачот со влажна крпа.

Проверка за прашина на правосмукалката мора да се врши најмалку еднаш годишно од страна на производителот или овластен сервисер (на пр. проверете ги филтрите за оштетување, правосмукалката за протекување и контролните уреди за правилно функционирање).

  • Сметајте ги сите делови кои можеби дошле во контакт со опасни материи како контаминирани.
  • Темелно всисајте, избришете или запечатете ја надворешната страна на правосмукалката пред да ја отстраните од областа со опасни материи.
  • Исчистете ја, демонтирајте ја и одржувајте ја правосмукалката само ако тоа може да се направи без да се загрозите себеси или другите лица. За време на одржувањето и чистењето носете лична заштитна опрема. Извршете ја работата во добро проветрена просторија.
  • Прво исчистете ја надворешната страна на правосмукалката пред да ја демонтирате.
  • Фрлете ги сите делови од правосмукалката што не можат да се исчистат доволно, во непропустливи ќеси. Почитувајте ги важечките прописи за отстранување на таков отпад.
  • Исчистете го просторот за одржување по завршувањето на работата.

Избришете го садот (1) одвреме-навреме со вообичаено неабразивно средство за чистење и оставете го да се исуши.

  • Кога го отворате капакот на филтерот, фатете го за јазичето за заклучување и проверете дали отворениот капак на филтерот се вклопува во вертикална позиција. Постои ризик од повреда ако капакот на филтерот падне.

Моќноста на всисување зависи од состојбата на филтерот. Затоа, редовно чистете го филтерот.

Веднаш заменете го оштетениот набран филтер (37).

  • Пред секое чистење/замена на рамниот набран филтер (37) демонтирајте го всисното црево (33) и вметнете ги чеповите за приклучокот (23) во прифатот за црево (3).
  • Повлечете го јазичето за заклучување (44) и завртете го поклопецот на филтерот (43) нагоре, додека не се вклопи во вертикалната положба.
  • Фатете го набраниот филтер (37) за држачите и извадете го нагоре.
  • Отстранете ја правта и нечистотијата, што испаѓа при вадење на рамниот набран филтер (37), со влажна крпа од рабовите на садот (1).
  • Рамниот набран филтер може да се исплакне под млаз вода.
  • Поставете го новиот исчистен набран филтер (37) и внимавајте добро да легне.
  • Затворете го поклопецот за филтер (43), додека не слушнете да се вклопи.

  • Претфилтерот не смее да се чисти влажен.
  • Не допирајте помеѓу држачот-водилка и всисувачот одозгора за да го отклучите поклопецот на претфилтерот. Во спротивно, може да си ја штипнете раката.

Повлечете го држачот-водилка (15) нагоре, додека поклопецот на претфилтерот нема пристап од задната страна.

Притиснете на копчето за отклучување (31) поклопецот на претфилтерот (30) и извадете го од преградата за претфилтер.

Извадете го претфилтерот (45).

Исчеткајте ги перките на претфилтерот со мека четка.

Поставете го претфилтерот во поклопецот за претфилтер (30).

Вметнете го поклопецот за претфилтер (30) во преградата за претфилтер и преклопете го.

Извлечете го мрежниот приклучок на всисувачот од приклучницата.

Извадете го горниот дел на всисувачот (16).

Испразнете го садот (1).

Придвижете ја пловката (47) одн. малку удрете ја за да ја отстраните нечистотијата.

Исчистете ја пловката (47) со мека крпа.

Доколку е потребно, може да ја отстраните пловката. За таа цел, притиснете го заклучувањето (48) и извадете ја пловката (47).

Исчистете го магнетот (49) со четка.

Повторно ставете ја пловката (47).

Чување

  • Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел (24).
  • Вметнете ја опремата во дадените држачи.
  • Намотајте го всисното црево (33) во преградата за всисното црево. Повлечете ги двете врвки нагоре (17) и закачете ги отворите за прицврстување.
  • Прикачете го L-BOXX на држачите (13).
  • Отстранете ја платнената филтер вреќичка штом ќе се наполни.
  • Носете го всисувачот само за рачката (12).
  • При транспорт на всисувачот, ставете ги чеповите (23) на прифатот на цревото (3).
  • Ставете го всисувачот во сува просторија со рамна површина и обезбедете го од неовластена употреба.
  • За да ги фиксирате тркалцата (21) притиснете ја кочницата на тркалцата (22).

Транспорт (види слика R)

  • При транспорт на всисувачот, ставете ги чеповите (23) на прифатот на цревото (3).
  • За полесен и удобен транспорт на всисувачот, испразнете го целосно садот или фрлете ја целосно платнената филтер вреќичка.
  • Носете го всисувачот само за рачката (12).
  • Отклучете ја сопирачката за тркалцето за промена на правецот (22) за туркање или за влечење на всисувачот.
  • Користете ја само извлечениот држач-водилка (15) за туркање или за влечење на всисувачот. Всисувачот не смее да се влече преку скалила со држачот-водилка. За таа цел треба да се користи рачката за носење.
  • Кога го носите всисувачот по скали, погрижете се да нема други луѓе директно зад вас во случај на неочекувано паѓање на всисувачот.