Безбедносни напомени за магнетни дупчалки
- Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
- При прицврстување на електричниот алат со безбедносната лента за делот што се обработува, уверете се дека истата може да ја држи машината за време на работењето. Ако делот што се обработува е мек и порозен, може да се оштети, а со тоа да излезе и електричниот алат од делот што се обработува.
- При дупчење низ ѕидови или тавани, заштитете ги луѓето околу работната површина. Бургијата може да навлезе низ дупката, и средината од делот што се обработува може да падне на другата страна.
- Да не се користи резервоарот за средство за ладење кога дупчите на вертикални или закосени површини, или на плафон. Користете пена за ладење. Погрижете се да не навлезе вода во алатот. Ако навлезе вода во електричниот алат, постои зголемен ризик од електричен удар.
- Мора да се осигура електричниот алат. Електричен алат кој не е добро осигуран може да се помести или да се преврти и да предизвика повреди.
- Не носете ракавици. Ракавиците може да се заплеткаат во ротирачките делови или струготини, и да предизвикаат повреда.
- Држете ги рацете подалеку од дупчалката за време на нејзината работа. Контактот со ротирачките делови или струготини, може да предизвика повреда.
- Уверете се дека дополнителната опрема ротира пред да ја вметнете во парчето што се обработува. Во спротивно, дополнителната опрема може да се заглави во делот што се обработува, и да предизвика ненадејно придвижување на делот, што може да резултира со повреда.
- Кога дополнителната опрема е заглавена, престанете со притискање надолу, и исклучете го алатот. Извршете проверки и поправки за да ја елиминирате причината за заглавување. Заглавувањето може да предизвика ненадејно придвижување на делот што се обработува, што може да резултира со повреда.
- Не сечете долги парчиња со редовно прекинување на надолниот притисок. Острите метални парчиња може да предизвикаат заплеткување и лични повреди.
- Никогаш не ги отстранувајте струготините од дупчалката за време на нејзината работа. За отстранување на струготините, извадете ја дополнителната опрема од делот што се обработува, исклучете го алатот, и почекајте да престане да се движи. Користете алати, како на пр. четки или кука за да ги отстраните струготините. Контактот со ротирачките делови или струготини, може да предизвика повреда.
- Дополнителната опрема со утврдена брзина, мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина наведена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.
- Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар.
- Никогаш не го користете електричниот алат без испорачаниот заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD).
- Пред секој почеток на работата проверете го правилното функционирање на заштитниот прекинувач за диференцијална струја (PRCD). Оштетениот заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD) нека се поправи или замени од сервисна служба на Bosch.
- Обрнете внимание дека ниту лицата во работниот простор, ниту електричниот алат не доаѓаат во допир со водата што излегува.
- Носете чевли што не се лизгаат. На тој начин ќе избегнете повреди, коишто може да настанат при лизгање на мазни површини.
- Не го оставајте настрана алатот, доколку не е целосно во состојба на мирување. Електричните алати кои не се во состојба на мирување може да предизвикаат повреди.
- Држете го приклучниот кабел на дупчалката подалеку од работното поле. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
- Не го преоптоварувајте електричниот алат и не го користете како спроводник или скеле. Преоптоварувањето или стоењето на електричниот алат може да доведе до тоа, тежиштето на електричниот алат да се помести нагоре и тоа да се преврти.
- Електричниот алат смее да се користи само на струјни мрежи со заштитни спроводници и доволно димензионирање.
- Извлечете го приклучокот од ѕидната приклучница и/или извадете ја батеријата од електричниот алат, пред да ги смените поставките на уредот или да ги замените деловите. Невнимателниот старт на електричните алати може да предизвикаат несреќи.
- Доколку го применувате електричниот алат при работа на плафон, работете во пар.
- При дупчење ниски или наклонети површини и при работење на плафон, прицврстете го електричниот алат со безбедносна лента. При прекин на струја, или јако преоптоварување не се одржува силата на привлекување на магнетот. Електричниот алат може да падне и да предизвика несреќи.
- Опасност од паѓање поради осцилаторните движења на сталакот за електричниот алат. При работење на скеле, електричниот алат може да предизвика ненадејно осцилирачко движење при стартот или при прекин на струја. Прицврстете го електричниот алат со безбедносна лента. Обезбедете го од испаѓање со ставање на безбедносен појас.
- Површината мора да биде мазна и чиста. Измазнете ги грубите нерамнини, на пр. прсканиците од заварување и отстранете ги р'ѓата, нечистотијата и маснотијата. Силата на привлекување на магнетот се однесува само на определени површини.
Не го принесувајте магнетот во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди. |
- Држете го електричниот алат подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот, може да дојде до неповратно губење на податоците.
- Прицврстете го електричниот алат на цврста, рамна и хоризонтална површина. Доколку постои можност електричниот алат да се помести или ниша, алатот за вметнување не може да се води рамномерно и безбедно.
- Одржувајте ја работната површина чиста, како и делот што се обработува. Острите струготини од дупчењето и предметите може да доведат до повреди. Мешавините на материјали се особено опасни. Правта од лесен метал може да се запали или да експлодира.
- Не го фаќајте алатот што се вметнува по работата, додека не се олади. Алатот што се вметнува за време на работата се вжештува.
- Не го допирајте јадрото од дупчењето, кое автоматски се исфрла преку водечкиот клин по завршувањето на работниот процес. Јадрото од дупчењето може да биде многу жешко.
- Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е оштетен смее да го поправи само овластената сервисна служба за електрични алати на Bosch. Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот алат.
- Добро чувајте го некористениот електричен алат. Местото на складирање мора да биде суво и затворено. Ова спречува оштетување на електричниот алат за време на складирањето или тој да биде ракуван од страна на неискусни лица.
- Електричниот алат не го користете доколку кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот кабел и не го влечете струјниот приклучок, доколку кабелот се оштети за време на работењето. Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
- Приклучете го електричниот уред на прописно заземјена струјна мрежа. Приклучницата и продолжниот кабел мора да имаат функционален заштитен проводник.
- Лепенката на магнетот зависи од дебелината на делот што се обработува. Најдоброто држење се постигнува на челик со ниско присуство на јаглерод со дебелина од најмалку 20 mm. При дупчење во челик со помала дебелина, челичната плоча (минимални димензии 100 x 200 x 20 mm) мора дополнително да се стави под магнетната основа. Обезбедете ја челичната плоча да не падне надолу.
- Металните струготини и други нечистотии значително влијаат на магнетното држење. Секогаш проверувајте дали магнетната основа е чиста.
- Избегнувајте олабавување на магнетот. Секогаш проверувајте дали магнетната основа правилно е прицврстена на делот што се обработува пред да почнете со дупчење.
- Не исклучувајте ја магнетната сила или користете ја функцијата за обратно дупчење пред да ја оставите машината во мирување.
- Други електрични алати, што се приклучени на истата приклучница, предизвикуваат нерамномерен напон што може да предизвика до ослободување на магнетот. Електричниот алат приклучете го во прклучница во која не се приклучени други алати.
- Избегнувајте употреба на шупливи крунести бургии без течност за ладење. Секогаш проверувајте ја состојбата на течноста за ладење пред да почнете со работење.
- Заштитете го моторот. Никогаш не дозволувајте течност за ладење, вода или другите загадувачи да влезат во моторот.
- Металните струготини често се многу остри и жешки. Никогаш не допирајте ги со голи раце. Исчистете ги со магнетски собирач на струготини и со кука за струготини или со друг соодветен алат.
- Никогаш не обидувајте се да работите со алатот со погрешен или со пренизок напон. Проверете ја спецификацоната плочка за да се обезбеди правилен напон и фреквенција.
- Електричниот алат се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (види табела „Ознаки и нивно значење“).
- Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на електричниот алат.
Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите. |
- Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
- Не правете промени на ласерскиот уред.
- Не ги оставајте децата да го користат електричниот алат без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица
- Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.