Дефект – Причини и помош
Причина | Помош |
---|---|
Не е можно мерење, двата прикази за средина на предмет (1) трепкаат наизменично и … | |
… приказот за метален предмет (5) и приказот за струјни кабли (4) не светат. | |
Мерењето е под влијание на електрични, магнетни или електромагнетни полиња (на пр. мобилни телефони, лаптопи или таблети во близина на мерниот уред). | Доколку е можно, деактивирајте ги соодветните функции кај сите уреди чие зрачење може да влијае на мерењето или исклучете ги уредите. |
… приказот за метален предмет (5) трепка. | |
Мерниот уред е надвор од работната температура или бил изложен на силни температурни флуктуации. | Исклучете го мерниот уред и оставете го да се темперира, пред повторно да го вклучите. Точни мерења се можни само ако температурата во внатрешноста на мерниот уред остане константна. |
… приказот за метален предмет (5) и приказот за струјни кабли (4) трепкаат. | |
Мерниот уред има дефект и повеќе не е функционален. | Однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch. |
Светлечкиот прстен (2) свети постојано во црвено и приказот за метален предмет (5) свети постојано, иако нема метален предмет во близина на мерниот уред. | |
Фабричката калибрација повеќе не е валидна (на пр. поради пад од голема височина). | Рачно калибрирајте го уредот види Повторно калибрирајте го мерниот уред. |
Светлечкиот прстен (2) не свети при поставување на подлогата. | |
Подлогата не може да се детектира, бидејќи опсегот на сензорот (11) е валкан. | Исчистете го мерниот уред со сува, мека крпа и одново стартувајте го мерењето. |
Ѕидниот контакт или подлогата не може да се детектираат поради посебни карактеристики на ѕидот (на пр. многу темна површина). | Поставете го мерниот уред на подлогата. За рачно детектирање на ѕид, притиснете го копчето за сигнален тон (6) (околу 5 s), додека не светне светлечкиот прстен (2) и не се слушне сигнален тон. Потоа измерете како и обично. |