Совети при работењето

Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.

Не обработувајте искривени делови. Делот што се обработува мора да има секогаш прав раб за поставување на граничната водилка.

Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

Максимални делови за обработка:

Форма на делот што се обработува

Агол на закосување (хоризонтален)

45°

115 Ø

90 Ø

100 x 100

85 x 85

158 x 80

85 x 85

110 x 110

85 x 85

Минимални делови за обработка
(= сите делови за обработка, кои може да се зацврстат со лостот за фиксирање (7)): должина 80 mm

макс. длабочина на резот (0°/0°): 115 mm

Правта од материјалите како на пр. боја што содржи олово, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички на метал важат како опасни, особено во врска со легурите како на пр. цинк, алуминиум или хром. Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

  • Погрижете се за добра проветреност на работното место.
  • Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Сечилото за пила (31) може да се блокира поради прав, струготини или скршени делови на делот што се обработува во отворот на масата за сечење (25).

  • Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
  • Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде во состојба на мирување.
  • Извлечете ја фиоката со струготини (24) и целосно испразнете ја.
  • Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.