Ставање во употреба

За вклучување одн. исклучување на работното светло (12) притиснете го копчето за работно светло (1).

  • Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.

  • Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.

За Вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) нанапред, така што на прекинувачот ќе се појави „I“.

За Исклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) наназад, така што на прекинувачот ќе се појави „0“.

  • Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.

За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (3).

За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (3) држете го притиснат и турнете ја блокадата (2) кон десно или лево.

За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3). Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (3) е блокиран, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.

Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја.

За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/исклучување (3) ставете го во исклучена положба и одново вклучете го електричниот алат.

Константната електроника одржува постојан број на удари при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.

Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (3).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (3) се постигнуваат мал број на работни одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на работни одови.

Со копчето за подесување на претходното избирање на број на работни одови (4) можете истите претходно да ги изберете и потоа да ги промените во текот на работата.

Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.

Се препорачува намалување на бројот на работни одови:

  • кога го поставувате сечилото на пилата на делот што се обработува за да може попрецизно да го поставите сечилото на пилата,
  • при сечење на пластика и алуминиум за да се спречи топење на материјалот.

При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови.