Начини на работа
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа овозможуваат оптимално прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се обработува.
Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите осцилациите и за време на работата.
Ниво 0 | нема осцилации |
Ниво I | мали осцилации |
Ниво II | средни осцилации |
Ниво III | големи осцилации |
Оптималниот степен на осцилирање за односната примена може да се одреди со практичен обид. Притоа важат следните препораки:
- Доколку го изберете степенот на осцилирање што помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде подобар и почист исечениот раб.
- При обработка на тенки материјали (на пр. лимови) исклучете го осцилирањето.
- Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало осцилирање.
- Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се работи со максимално осцилирање.
Основната плоча (6) може да се навали кон десно или кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитниот капак (18), млазниците за всисување (19) и заштитата од кинење (17) не можат да се вметнат при сечење со закосување.
- Притиснете ги млазниците за всисување (19) малку нагоре и извадете ги од основната плоча (6).
- Извадете ги заштитниот капак (18) и заштитата од кинење (17).
- Отворете го затегнувачкиот лост (22) на основната плоча и лесно вметнете ја истата (6) во правец на струјниот кабел.
- За подесување на прецизен агол на косо сечење, основната плоча од десната и левата страна има повеќе точки за вклопување. Навалете ја основната плоча (6) согласно скалата (21) во саканата позиција. Другите агли на косо сечење може да се подесат со помош на агломер.
- Потоа притиснете ја основната плоча (6) до крај во правец на сечилото за пила (11).
- Затворете го затегнувачкиот лост (22), за да ја фиксирате основната плоча во поставената позиција.
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја поместите основната плоча (6).
Отворете го затегнувачкиот лост (22) на основната плоча и вметнете ја истата (6) до крај во правец на струјниот кабел. Затворете го затегнувачкиот лост, за да ја фиксирате основната плоча во поставената позиција.
Сечењето со поместена основна плоча (6) е можно само со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа не треба да се употребува заштитата од кинење (17).
Со струењето на воздухот на уредот за оддувување на струготини може да се одржува чиста линијата на резот од струготини.
Вклучете го уредот за оддувување на струготините кога работите со големо количество на отстранет материјал од дрво, пластика и др. Вметнете го прекинувачот (7) во позиција „I“.
Исклучете го уредот за оддувување на струготините при работење со метали како и системот за всисување прав. Вметнете го прекинувачот (7) во позиција „0“.