Функционалност
Прифатот за алат (1) и алатот што се вметнува се ставаат во погон со електромотор со помош на погон и ударен механизам.
Работната постапка се дели во две фази:
Завртување и Затегнување (ударен механизам во акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа ударниот механизам ја претвора силата на моторот во еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Автоматско исклучување ABR (ABR = Auto Bolt Release) (види слика C)
ABR-функцијата автоматски го исклучува електричниот алат, ако е олабавена навртката. Автоматското исклучување спречува да отпадне навртката при олабавување. Можете да ја активирате и деактивирате ABR со помош на копчето „Автоматско исклучување (ABR)“ (6). Ако ABR е активирана, LED светилката свети за „Автоматско исклучување (ABR)“ (7). При замена на батерија останува претходната поставка.