Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење | |
---|---|
Не насочувајте го ласерскиот зрак кон лица или животни и не гледајте директно во него или во неговата рефлексија. | |
Носете заштитни очила. | |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако лентите светат на приказот за преоптоварување во близина на левата ознака, работното оптоварување е многу високо. Ако лентите светат на приказот за преоптоварување во близина на десната ознака, работното оптоварување е во оптималниот опсег и нема преоптоварување. | |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Уредот не е опремен за надворешна употреба при дожд. | |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Проверете дали безбедносната лента функционира правилно пред да ја употребите. Никогаш не користете оштетена безбедносна лента. Веднаш заменете ја. | |
Лицата со пејсмејкери или други медицински импланти не смеат да го користат овој електричен алат. | |
Носењето на метални предмети и часовници е забрането. Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди. | |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! При дупчење во вертикални површини електричниот алат мора да се осигура со безбедносна лента на плафон и на косини. | |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не ја држете раката под електричниот алат и опремата ако ги менувате. | |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Пред дупчењето проверете дали е доволна јачината на магнетот. Површината на делот што се обработува мора да е рамна, чиста и доволно дебела. |