Подесување на вертикалниот агол на закосување

Вертикалниот агол на закосување може да се подеси во граници од 47° (на левата страна) до 47° (на десната страна).

За брзо и прецизно подесување на често користени вертикални агли на закосување, постојат граничници за агли од 0°, 22,5° и 45° и 47°.

  • Целосно извлечете ја нанадвор левата подеслива гранична водилка (5).
  • Олабавете го затегнувачкиот лост (13).
  • Навалете ја лизгачката рачка (27) на дршката (1) налево додека агломерот (32) не го покаже саканиот вертикален агол на закосување.
  • Држете ја лизгачката рачка (27) во оваа позиција и повторно затегнете го затегнувачкиот лост (13).
    Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при било кој вертикален агол на закосување.

  • Извлечете ја десната подеслива гранична водилка (5) целосно нанадвор.
  • Олабавете го затегнувачкиот лост (13).
  • Навалете ја лизгачката рачка (27) на дршката (1) од 0°-позиција малку налево и вртете го вртливото копче (38), додека не се прикаже саканиот вертикален опсег на аголот на закосување.
  • Навалете ја лизгачката рачка (27) на дршката (1) надесно додека агломерот (20) не го покаже саканиот агол на закосување.
  • Држете ја лизгачката рачка (27) во оваа позиција и повторно затегнете го затегнувачкиот лост (13).
    Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при било кој вертикален агол на закосување.

За да може стандардниот агол на закосување 0° повторно лесно да се подеси, вртливото копче (38) се вклопува во левиот вертикален опсег на аголот на закосување.

  • Навалете ја лизгачката рачка (27) од десно над 0°-позиција.

  • Повлечете ги двете подесливи гранични водилки (5) сосема нагоре.
  • Олабавете го затегнувачкиот лост (13).
  • Навалете ја лизгачката рачка (27) на дршката (1) од 0°-позиција малку налево и вртете го вртливото копче (38), додека не се прикаже саканиот вертикален опсег на аголот на закосување.
  • Навалете ја лизгачката рачка (27) со дршката (1) кон лево или десно, се додека агломерот (32) или (20) не го покажува посакуваниот вертикален агол на закосување.
  • Држете ја лизгачката рачка (27) во оваа позиција и повторно затегнете го затегнувачкиот лост (13).
    Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при било кој вертикален агол на закосување.

Извлечете го копчето за подесување (33) целосно нанадвор и свртете го за 90°. Потоа навалете ја лизгачката рачка (27) на дршката (1), додека не слушнете да се вклопи.