Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841 2-1.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 100 dB(A); ниво на звучна јачина 111 dB(A). Несигурност K = 5 dB.

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на три насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN 62841 2-1:

GSB 13 RE/GSB 1300 RE

Дупчење во метал: ah = 3,2 m/s2, K = 1,5 m/s2

Ударно дупчење во бетон: ah = 14,0 m/s2, K = 1,5 m/s2

GSB 16 RE/GSB 1600 RE

Дупчење во метал: ah = 4,5 m/s2, K = 1,5 m/s2

Ударно дупчење во бетон: ah = 13,1 m/s2, K = 1,5 m/s2

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.