USB-интерфејс

GLM 150-27 C: Пренос на податоци преку USB-интерфејс

Преку микро-USB-приклучок на мерниот уред може да се изврши пренос на податоци до одредени уреди со USB-интерфејс (на пр. компјутер, лаптоп).

Поврзете го мерниот уред преку микро-USB-кабел со Вашиот компјутер или лаптоп. Оперативниот систем на Вашиот компјутер или лаптоп автоматски го препознава мерниот уред како диск.

Штом мерниот уред се поврзе со компјутер или преносен компјутер преку Micro-USB-кабел, литиум-јонската батерија се полни. Времето на полнење варира во зависност од струјата за полнење.