Полнење на литиум-јонска батерија
- За полнење, користете го препорачаниот USB-мрежен напојувач или USB-мрежен напојувач, чиј излезен напон и минимална излезна струја ги исполнуваат барањата во поглавјето „Технички податоци“. Притоа внимавајте на упатството за користење на USB-мрежниот напојувач. Препорачан мрежен напојувач: види „Технички податоци“.
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач. Мрежните напојувачи означени со 230 волти исто така може да се користат и на 220 волти.
- Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети поради интернационалните прописи за транспорт. За да се обезбеди целосна моќност на батеријата, целосно наполнете ја батеријата пред првата употреба.
USB-отворот (18) за поврзување на USB-кабелот (27) се наоѓа под поклопецот на чивија-граничникот (8).
- За да го отворите поклопецот притиснете го копчето за отпуштање (7).
- Поврзете го мерниот уред со помош на испорачаниот USB-кабел (27) со мрежниот напојувач.
- Вметнете го мрежниот напојувач во приклучницата.
- Процесот на полнење започна.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Долг животен век на батеријата се достигнува со преземање мерки за заштеда на енергија, на пр. деактивирање на Bluetooth®-функцијата кога не ви е потребна или намалување на осветленоста на екранот итн.
За време на процесот на полнење, анимацијата го прикажува напредокот на полнење. Ако анимацијата не се прикажува повеќе, значи дека батеријата е целосно наполнета.
Исклучете го мерниот уред, за да го забрзате процесот на полнење.
Доколку ознаката за празна батерија се појави за првпат на екранот, тогаш можни се уште само мал број на мерења.
Доколку ознаката за батерија е празна и трепка црвено, не може да мерите. Заменете ги батериите одн. акумулаторските батерии.
Мерниот уред може да се користи само за кратко време (на пр., за проверка на внесовите во списокот со мерни вредности). Наполнете ја батеријата.
Ако не се користи подолг временски период, исклучете го мрежниот напојувач од струјната мрежа.
Покрај тоа, батеријата може да се полни и преку USB -отвор. За таа цел, поврзете го мерниот уред со USB-кабел (27) на USB-отвор. Во USB-режимот (режим на полнење, пренос на податоци) времето на полнење може да биде значително подолго.
Мерниот уред не може да се користи одделно за време на процесот на полнење.
- Bluetooth® се исклучува за време на процесот на полнење. Постојните врски со други уреди се прекинуваат. Притоа податоците може да се изгубат.
Напомени за оптимално користење на батериите во мерниот уред
Складирајте го мерниот уред само во дозволените граници на температура, види Технички податоци. Не го оставајте мерниот уред на пр. во автомобил во лето.
Значително намаленото време на работа по полнењето покажува дека батеријата е истрошена и мора да се замени од страна на сервисната служба на Bosch.
Внимавајте на напомените за отстранување.