Вртење на погонската глава (види слика E)
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Погонската глава може да ја вртите со чекори оsд 90°. Притоа, прекинувачот за вклучување/исклучување за специјалните случаи на работа може да се постави во поповолна позиција за ракување, на пр. за левораки лица.
Целосно одвртете ги 4-те завртки (➊). Внимателно навалете ја погонската глава и без да ја извадите од куќиштето ставете ја во новата позиција (➋). Повторно навртете ги 4-те завртки (➌).