Совети при работењето
- Пред каква било интервенција на дувалката за топол воздух, извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
Напомена: Не доближувајте ја млазницата (1) премногу блиску до алатот што треба да се обработи. Блокирањето на воздухот може да доведе до прегревање на дувалката за топол воздух.
Вадење на топлотната заштита
За работење на особено тесни места може да ја извадите топлотната заштита (2) со свртување.
- Внимавајте со врелата млазница! При работење со топлотна заштита постои зголемена опасност од пожар.
За вадење одн. ставање на заштитата за топлина (2) исклучете ја дувалката и оставете ја да се излади.
За побрзо ладење можете да ја оставите дувалката за топол воздух кратко да работи со најниско поставена температура.
Исклучување на дувалката за топол воздух
Поставете ја дувалката за топол воздух на работна површина (3) за да се излади или за да ви се слободни двете раце за работа.
- Работете особено внимателно со оставената дувалка за топол воздух! Можете да се изгорите на жешките млазници или на жешкиот проток на воздух.
Поставете ја дувалката за топол воздух на рамна стабилна површина. Бидете сигурни дека не може да се преврти. Осигурете го кабелот надвор од вашиот работен простор така што дувалката за топол воздух нема да може да го преврти или повлече надолу.
При подолго некористење исклучете ја дувалката и извадете го струјниот приклучок.