Процес на мерење

По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во функција на должинско мерење.

Како референтно ниво за мерење, по вклучувањето, е избран задниот раб на мерниот уред. Може да го промените референтното ниво. види Бирање на референтно ниво

  1. Поставете го мерниот уред на саканата стартна точка на мерење (на пр. ѕид).
  2. Кратко притиснете го копчето  за да го вклучите ласерот.
  3. Насочете ја ласерската точка кон целта.
  4. Повторно притиснете го копчето  за да го активирате мерењето.

По процесот на мерење ласерскиот зрак ќе се исклучи. За друго мерење повторете ја оваа постапка.

Измерените вредности и крајните резултати може да се собираат или одземаат.

Времетраењето на мерењето зависи од растојанието, светлосните услови и рефлектирачките својства на целната површина. По завршување на мерењето, ласерскиот зрак автоматски ќе се исклучи.

Со функцијата континуирано мерење, мерењето започнува веднаш по првото притискање на копчето .

Доколку не се изврши мерење околу 20 s по насочувањето, ласерскиот зрак се исклучува автоматски заради заштита на батериите.

Мерниот уред не смее да се движи за време на мерењето (со исклучок на функцијата континуирано мерење). Доколку е возможно, поставете го мерниот уред на цврста гранична или потпорна површина.
Приемната леќа (12) и излезот на ласерскиот зрак (13) не смеат да бидат покриени за време на мерењето.

Влијанија на мерното поле

Мерното поле зависи од светлосните услови и рефлективните својства на целната површина.

Влијанија на мерниот резултат

Поради физички ефекти не може да се исклучи фактот, дека при мерењето на различни површини доаѓа до погрешно мерење. Тука спаѓаат:

Користете што е можно посветол предмет како помошно средство за целта (на пример, цврста бела хартија).

Можни се погрешни мерења и на косо насочените целни површини.

Исто така на измерената вредност може да влијаат и процепите за вентилација со различни температури или индиректно примените рефлексии.