Проверка на точноста

Редовно проверувајте ја точноста на мерниот уред.

Проверка на точноста на мерењето на растојание

За проверка на точноста, мерењето треба да се врши при поволни услови, т.е. мерното подрачје треба да биде поставено во внатрешниот простор и целната површина на мерењето треба да биде мазна и добро да рефлектира (на пр. ѕид обоен во бело).

  1. Изберете мерно подрачје со должина од околу 3 до 10 m, чија должина точно ја знаете (на пр. ширината на просторијата, отворот на вратата).
  2. Измерете го подрачјето 10‑пати едно по друго.
  1. Отстапувањето на поединечните мерења од точно познатата димензија не смее да надмине ±2.5 mm на целото мерно растојание под поволни услови. Запишувајте ги мерењата, за да може подоцна да ја споредите точноста.